17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца гостиварци поради шверцување мигранти

Полицијата вчера привела две лица од Гостивар, кои биле фатени како превезуваат мигранти.

Според информациите, Ј. Р. бил запрен од полицијата на регионалниот пат Р1103, клучка Демир Капија, а при контрола на возилото „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле откриени четири лица илегални мигранти од Пакистан.

Во 20.10 часот, кај местото наречено Острово, во близина на Неготино, биле откриени уште пет лица илегални мигранти од Пакистан, кои претходно се превезувале со возилото „бмв“, а лишен од слобода е Е. М. (28) од с. Врапчиште. Ј. Р. и Е. М. се приведени во полициска станица и во извршен службен разговор признале дека двајцата учествувале во прифаќањето и превезувањето на илегалните мигранти.

Во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК против лицата во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело шверцување мигранти по чл. 418-б ст. 2 и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје, а лицата илегални мигранти се предадени во прифатно-транзитен центар.