22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Дијалогот за зголемување на пензиите и новата методологија почнува утре

Во изјава за медиумите премиерот Ковачевски посочи дека од страна на Министерството за труд и социјална политика и другите ресорни министри е веќе закажан првиот состанок, на кој ќе се разговара за методологијата која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд.

Процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата, процес што заврши во историски договор постигнат на задоволство на сите страни, истакна Ковачевски.

„Во однос на методологијата, ние имавме веќе едно покачување на пензиите, а следува и уште едно покачување, меѓутоа низ досегашните разговори и барања на асоцијациите на пензионерите, како и низ анализите што претходно беа правени, веќе се пристапи кон разговори од кои треба да произлезе нова методологија за пораст и усогласување на пензиите. Тоа е значајно затоа што на таков начин ќе може да се обезбеди континуиран и соодветен раст на пензиите бидејќи пензионерите тоа го заслужуваат“, изјави премиерот Ковачевски.

Премиерот потенцира дека веќе се прават анализи и во однос на пакет-финансиска поддршка на пензионерите земајќи предвид дека се наоѓаме во енергетска криза, која предизвикува и негативни економски последици. Анализите ќе овозможат да се дефинира како износот така и износот по разна категорија на висина на пензиите.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ: Дали линеарното зголемување од 1.000 денари во септември ќе го изеде инфлацијата и скапотијата?

ДЕСК

Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Владата ја засилуваат контролата

ДЕСК

ДОДЕКА ИНФЛАЦИЈАТА ГАЛОПИРА, ПАЃА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Во јуни била 45.469 денари, помалку за околу 300 денари од претходниот месец

ДЕСК