Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против охриѓанец за несовесно работење и измама во службата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. Н. (42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела несовесно работење во службата и измама во службата.

При вонредна контрола во Јавната здравствена установа Општа болница – Охрид, извршена од финансиски контролори од Фондот за здравствено осигурување, било констатирано дека А. Н., во својство на секретар во Општата болница – Охрид, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на претпоставениот директор му поднел лажна документација со пресметки на плата и исплатни листи за периодот од 1.1.2019 до 31.10.2021.

Притоа лажно прикажал повисоки коефициенти за пресметана месечна плата за себе, лажно прикажувајќи се како самостоен стручен соработник – дипломиран правник со правосуден испит, лажен неоснован коефициент за раководење и одговорност, кои самиот си ги одобрил.

Врз основа на тоа му биле исплатени повеќе средства во износ од 77.357 денари.

Можеби ќе ве интересира

Европско истражување: 80% од македонските граѓани не би го сменале политичкото убедување за пари

ДЕСК

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК