3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ако ги имате овие 4 особини, припаѓате во групата на најинтелигентни луѓе

Покрај љубопитноста и совесноста, студијата покажа дека поинтелигентните луѓе се повеќе склони кон ризик и многу полесно ја прифаќаат неизвесноста.

Луѓето со повисок коефициент на интелигенција почесто прифаќаат двосмисленост и нејаснотии, открива студијата, која наведува и три други клучни карактеристики на поинтелигентните луѓе.

Многу проблеми во животот немаат дефинитивен одговор – а интелигентните луѓе полесно се справуваат со тоа. Затоа попаметните луѓе можат да донесат подобри одлуки, бидејќи имаат способност да прифатат дека светот не е црно-бел, открија истражувачите.

Други вообичаени знаци на висок коефициент на интелигенција вклучуваат совесност, преземање ризик и љубопитност.

Луѓето кои се совесни се повнимателни, поефикасни, самодисциплинирани и се стремат кон постигнување.

Интелигентните луѓе имаат поголема веројатност да имаат особини од типот А, кои се поврзани со конкурентноста и преземањето ризик.

Љубопитноста открива висока интелигенција

Љубопитноста е поврзана и со високата интелигенција.

Луѓето кои се љубопитни поставуваат многу прашања, бараат изненадувања и наоѓаат време за нови идеи.

Студијата опфатила 820 луѓе, чија интелигенција и личност биле измерени.

Резултатите покажаа дека четири фактори на личноста се поврзани со интелигенцијата.

Способноста да се справите со неизвесноста е особено силен знак за висока интелигенција, пишуваат авторите.

Една особина најмоќно ја открива интелигенцијата

Оваа студија покажа дека повеќекратните мерки на интелигенција предвидуваат поголема толеранција за несигурност.

„Претходните истражувања покажаа дека попаметните поединци полесно се прилагодуваат и ја оценуваат промената на работните задачи, што доведува до поголема точност во одлучувањето.

Љубопитните луѓе исто така имале повисок коефициент на интелигенција, покажа студијата:

„Се претпоставуваше дека љубопитноста – обележана со голема отвореност, креативност, имагинација и когнитивна сложеност – е поврзана со повисок коефициент на интелигенција“, заклучуваат тие.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Ова се особините на луѓе кои сами се збогатиле: Проверете дали ги имате и вие

M T

Секој мудар човек ги поседува овие 5 особини

M T

Овие три особини ги опишуваат луѓето кои живеат до 100 години – Едната е „ПОГУБНА“

M T