„Во јавниот сектор 17.000 вработени ќе добијат зголемување на минималната плата на ново ниво од 18.000 денари, а веќе во изминатите години оваа влада ги покачи платите на голем број сектори во државата. Од образование, МВР, здравството каде што беа зголемени платите до 25 -40%. Ние веќе имаме закон во собранието за наставниците, прво трансформација на работниот однос од определено на неопределено на 4.700 наставници кои ги школуваат нашите деца и кои претставуваат основа на образовниот систем и идниот развој на државата, како и зголемување на платите согласно коефициенти поврзани со минималната плата која е сега зголемена. Тој закон беше блокиран од страна на опозицијата цела година, сега гледам дека опозицијата предлага ист таков закон во собрание каков што блокриаа цела година. Тоа е неодговорно и тоа е апсолутно несоодветно однесување на една опозиција во време на криза, особено кога имало законско решение кое го блокирале една година од само ним познати причини.“- коментираше премиерот Димитар Ковачевски, во интервјуто на Сител.