28. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Владата започна со процес за обезбедување алтернативни извори на гас

Инвестицијата за резервација на капацитети за природен гас од терминалот Александропулос треба да отвори втора рута односно да овозможи снабдување со гас од други земји. Владата очекува таа да придонесе и во зголемувањето на инвестициите во гасификацијата

Владата одлучи да започне процес за обезбедување алтернативни извори на гас, соопштија од владината прес-служба. Тоа ќе се оствари на тој начин што преку СД Елекрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе се резервираат капацитети за природен течен гас од ЛНГ Терминалот Алексадропулос во Грција.

„Реализацијата на оваа инвестиција потенцијално ќе значи отворање втора рута, односно снабдување на Република Северна Македонија со течен гас од други земји, покрај моменталниот снабдувач. Ова ќе значи потенцијално зголемување на капацитетот за дотур на гас во земјава, би влијаело врз либерализацијата на пазарот, а со тоа и врз конкурентноста на цените“,

велат од Владата.
Освен што ќе се обезбеди сигурност и долгорочност во снабдувањето со природен гас, Владата очекува да се зголемат и инвестициите во гасификацијата.

„Имајќи ја предвид денешната енергетска криза во Европа и кај нас, ова е конкретен чекор која треба да даде резултати во стабилизација на снабдувањето со енергија во Република Северна Македонија“,

додаваат од Владата.
Проектот за терминалот за гас Александропулос е прогласен за проект од посебен интерес на ЕУ и за него Европската комисија одбори поддршка за ефикасна интеграција со останатите инфраструктурни проекти за природен гас на регионалниот пазар.

Можеби ќе ве интересира

Физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава – детали за убиството во Кавадарци

ДЕСК

Денес е неработен, а веќе следниот месец следува продолжен викенд – Еве ги преостанатите празници до крајот на 2025

ДЕСК

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

ДЕСК