Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

СДСМ: Срамно е ВМРО-ДПМНЕ да поднесува Закон по скратена постапка, а да блокира ист таков Закон за поголеми плати на 4.700 наставници

Одговори на новинарски прашања, Снежана Калеска Ванчева, претседателка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка:

 

Одговор: Навистина е срамно ВМРО-ДПМНЕ сега да поднесува Закон во скратена постапка којшто се однесува на зголемување на платите односно во еден дел се поклопува со законското решение коешто една година е заглавено во Собранието. Тој Закон којшто е поднесен пред една година ВМРО-ДПМНЕ не дозволува да го види светлото на денот односно не дозволуваат покрај изгласан дневен ред да се отпочне со точката. И вие сте сведоци и знаете дека завршува секој обид со безбројни процедурални. Тој Закон е квалитетно законско решение којшто овозможува трансформација во работен однос на наставници и стручни соработници, професионалци коишто после повеќе години, некои од нив и десетина години, конечно треба да им биде решен статусот, тоа се професионалци и секако да се овозможи зголемување на платата. Само еден пример, ова се некаде околу 4.700 луѓе во прашање кои со години работат некои од нив дури и по десетина години, па поставувам прашање која е оправданоста за блокирање на овој закон и недозволување на трансформација на нивниот работен однос, да бидат во редовен работен однос и да можат да ги имаат сите права како секој вработен? Тоа е нешто што е недозволиво и граѓаните и јавноста точно знаат кои се обидите и што се обидува ВМРО-ДПМНЕ да направи.

Прашање: Тоа значи нема да го поддржите нивното законско решение?

Одговор: – Апсолутно, нема зошто да го поддржиме. Прво тоа не е целосно решение и ние веќе како што кажав имаме година дена законско квалитетно решение кое што трајно ќе го реши статусот на преку 4.700 луѓе професионалци.

Можеби ќе ве интересира

ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Што нѐ чека до средината на следната недела?

ДЕСК

До 17 часот гласале 34,62 отсто од гласачите – најголема излезност има во Конче, а најмала во Сарај

ДЕСК

ПОЛА КРУШЕВО ИЗЛЕЗЕ НА ГЛАСАЊЕ, НАЈМАЛ ИНТЕРЕС ЗА ИЗБОРИТЕ ВО САРАЈ – До 15 часот 27.09 отсто излезност

ДЕСК