Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека се грижат за Ќосето и Ванчо Михајлов, за Гоце Делчев не е потребна декларација

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ нека продолжи да се грижи за оние за кои правеше споменици и ги величаше, како Ќосето, Александров, Мијалов.

За најголемиот македонски херој, за нашиот великан Гоце Делчев не се потребни декларации, не заслужува неговата големина да се сведува на политички подметнувања и декларации.

Нема што друго ВМРО-ДПМНЕ да понуди пред граѓаните освен политички подметнувања и обиди за поделба меѓу граѓаните и помеѓу македонскиот народ.

Нема да дозволиме да се понижува делото на великанот Делчев, ниту да ни држат лекции оние кои со бројни потези го срамат неговиот лик.

Нема да учествуваме во дневнополитички театар на ВМРО-ДПМНЕ чија единствена цел е да им помогне на оние центри кои не сакаат Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК