8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Живковиќ: Минималната плата е уште едно исполнето ветување, до крајот на мандатот ќе биде 20 илјади

„Сите сме свесни дека минималната плата од 18 илјади денари беше најавена уште од претходниот премиер Зоран Заев во септември минатата година. За износот на минималната плата се разговараше од порано, дури и во владината програма од 2020 година стои дека до крајот на мандатот таа ќе се покачи на 20 илјади денари“ кажа советникот за труд и социјална политика на претседателот на Владата, Милан Живковиќ.

Тој додаде дека е изненаден што од Организацијата на работодавачи не биле свесни за износот на минималната плата, иако подолго време се дискутира за истото и тоа беше јасно барање на синдикатите.

„Владата и целокупната јавност беа запознаени дека црвените линии на работниците се 18 илјади денари минимална плата, а за моделот на идното усогласување беше дискутирано уште од првата седница на економско-социјалниот совет“ кажа Живковиќ.

Тој додаде дека работодавачите за усогласувањето на платите дадоа свој предлог кој е во линиија со предлогот на Владата.

Можеби ќе ве интересира

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

ДЕСК