23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Политичкиот спин наречен „Декларација за Гоце“ пропаѓа

Не е прв пат Христијан Мицкоски и неговата партија ВМРО ДПМНЕ, да се обидат да предизвикаат инцидент, или во државата да ги делат граѓаните на патриоти и предавници. Декларацијата за Гоце Делчев која партијата на Мицкоски ја поднесе во Собранието на денот од 150 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер беше само уште еден невешт обид политички да профитира. Мицкоски со Декларацијата ќе го „зацврстувал темелот за ликот и делото на Гоце Делчев“!?

ВМРО ДПМНЕ е партијата која ги величеше Ќосето и Ванчо Михајлов, им градеа споменици, и сега одеднаш се сетија на Гоце Делчев. ВМРО ДПМНЕ сега ќе го бранеле Делчев, „за идните генерации преку ВМРО ДПМНЕ да се сеќавале на делото на македонскиот револуционер“ вака говореше Мицкоски пред една недела во црквата Свети Спас. Филмот во режија на Мицкоски овој пат не помина ниту кај една политичка партија во земјава и сите го препознаа политичкиот спин, бидејќи како во турските серии, сценаријата на ВМРО ДПМНЕ секогаш се исти, сцените се повторуваат. На денот на чествувањето на револуционерот, партиски војници ги исвиркаа државните делегации, имаше обид да се направи инцидент со кинење на лентите од венците кои на гробот на Гоце, ги положи бугарската делегација, па кошкање со полицијата која „пуштала Бугари на горбот на Гоце, а забранувала влез на Макеоднци“ … веќе видено нели. А Мицкоски наспроти сето тоа одржа „моќен говор“ – барем така во хор воскликнуваа медиумите поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ.

Факт е дека Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ е игнорирана од сите политички партии во државата,повеќе од очигледно е дека Мицкоски сака да ја искористи за својата политичка кариера, ВМРО ДПМНЕ на дневна основа да пишува празни соопштенија и да бара начин за политички препукувања па макар и на штета на иднината на Република Северна Македонија. За никого не е спорен фактот дека Гоце Делчев е макеоднски револуционер, дополнително чуму „досетките на Мицкоски“ кога во Собранието е изгласана Резолуција донесена со консензус од сите политички партии и таа е обврзувачка за Владата во водењето на преговорите со Република Бугарија.