11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Митрески за „Утрински брифинг“: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата на Собранието со непресликување на новото мнозинство во парламентарните комисии и тела

Пратеникот на СДСМ Јован Митрески за „Утрински брифинг“ истакна дека состојбата во собранието, не само во врска со именувањето на нови уставни судии на испразнетите места, туку и за низа други прашања се должи на тоа што формирањето на новото мнозинство не е пресликано во собраниските тела и комисии.

Имаме седум комисии, меѓу кои комисијата за избори и именувања, комисијата за одбрана, за локална самоуправа каде што мнозинството не соодветствува на она што е вистинско мнозинство во собранието, нагласи Митрески, додавајќи дека според се што важело досега, постојат коефициенти, кои ги изработуваат собраниските служби и таму стои која пратеничка група колку членови и заменици членови има во кое тело.

Митрески нагласи дека ова што во моментот се случува, особено во изминатите две недели, фактички е блокирање на работата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и смета дека оваа ситуација ќе биде надмината низ разговори на пратеничките групи.

Даваме, се уште можност на разговори, имаме начин тоа да го направиме поинаку, но внимаваме да не го предизвикаме тоа што го очекува опозицијата, нагласи Митрески.

Тој истакна дека во изминатата 1,5 година се поминати и усвоени околу 940 точки и закони на парламентот, но има 30-40 закони кои се суштински, а кои опозицијата ги блокирала.

За минималната плата очекуваме предлог за зголемување на 18.000 денари, ама од страна на опозицијата слушаме дека бараат да се нивелира покачувањето на платата и низ другите сектори, а од друга страна во собранието од 19.04.2021 година има Закон за наставници и стручни соработници, кој предвидува нивниот коефициент на плата да се коригира со пораст на минималната плата, кој опозицијата го блокира, истакна Митрески.

Тој рече дека блокирањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ, пред се пред локалните избори се должеше на тоа што сакаа да покажат неуспешност, нефункционалност на владата, а не ја исклучи можноста дека можеби сакаат да предизвикаат некаков инцидент, и додаде дека СДСМ гледа низ разговор да ги помине сите работи што се блокирани во Собранието.

Во врска со инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ за брзи предвремени избори, Митрески истакна дека причина за тоа е да ја покријат неспособноста и лажењето на граѓаните, од страна на нивните градоначалници, кои ветуваа многу, а еве сега веќе е избришан и сајтот каде беа програмите на градоначалниците.

Притисокот за брзи избори е да го прикријат ова, но избори ќе има во 2024 година, во редовниот термин порача пратеникот на СДСМ Јован Митрески за „Утрински брифинг“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Митрески: Aнтифашизмот мора да важи и за политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ да не молчи за законот од СДСМ

M T

Тренчевска за МРТ: Предлог Законот за финансиска поддршка влезе во собраниска процедура, верувам дека пратениците ќе го подржат

M T

Собранието е повторно отворено за посети со физичко присуство

M T

СДСМ: Не успеа блокадата на Собранието, СДСМ работи за граѓаните

M T

СДСМ: Неуспешна е блокадата и неиспешен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ги правда деструкциите во Собранието

M T

СДСМ: Собранието ги изгласа законските измени, следува реализација на владините антикризни мерки

M T