7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денес облачно и ниски температури

Најниската температура утрово била -12 степени во Маврови Анови, -7 степени биле измерени во Битола, -6 во Охрид, -5 во Кр.Паланка, Дебар и Попова Шапка, -4 во Крушево, -3 во Тетово, Берово и Претор, -2 степени во Прилеп и Струмица, -1 во Виница, 1 степен бил измерен во Скопје Петровец, 2 во Скопје-З.Рид, Куманово, Штип, 3 во Д.Капија и Дојран, 5 во Гевгелија.

47 сантиметри снег биле измерени на Маврови Анови, 25 на Попова Шапка, 23 во Пожаране, 22 во Крушево, 13 во Битола, 9 сантиметри снег се измерени на Ѓуриште, 5 во Охрид, 3 во Берово.

Денеска ќе биде умерено до значително облачно. Попладне во западните делови, а до крајот на денот насекаде облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.

Во Скопје значително облачно, а во текот на попладнето облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК