23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Месец на специјални настани и попусти во Ист Гејт Мол

Секоја година, во првиот месец најчесто одмораме од “новогодишната еуфорија”, уживајќи во зимската атмосфера и комфорот, но вториот, најкраток месец од годината, е сѐ повеќе популарен за потсетување и посветување на грижа кон себеси, исто колку и кон саканите.

Месец февруари е очигледно месец на специјални нешта, а февруарското искуство во Ист Гејт Мол се очекува да биде и повеќе од специјално.

Новиот месечен календар на активности на Ист Гејт Мол, е исполнет со нови изненадувања, а музиката, забавата и шопингот се најголемиот фокус на она коешто се најавува.

На 12.02.2022 (сабота), од 18:30 до 20:00 часот (-II кат пред Супер Тинекс), се очекува „Екстравагантен Симфониски Концерт“ со оркестарот на Полифонија. Мелодијата на светските и домашни арии и евергрини, во чест на Св. Валентин, е подготвена да ја збогати пријатната зимска атмосфера во Ист Гејт Мол. Како специјален гостин на настанот е најавен Павле Камилоски, со Наде Талевска, Кристина Палија и Никола Стојчевски како солисти и Владимир Димовски како диригент.

На 13.02.2022 (недела), еден ден пред денот, којшто е глобален синоним за љубовта, а и винските приказни, се најавува Prosecco Fantinel Night Party од 18:00 до 20:00 часот (-II ат пред Супер Тинекс) со специјална дегустација и понуда на ексклузивно италијанско просеко.

Од 12.-14.02.2022 (сабота-понеделник) сите посетители во Ист Гејт Мол се поканети да дојдат сами или во пар, да го пронајдат и лоцираат Големото срце на приземје, и да добијат шанса да освојат екстра попусти.

На 19.02.2022 (сабота), од 12:00-14:00 часот, на I кат, кај спортскиот корнер, се најавува ФИТ ЗОНА, – серија спортски активности со Елена Бубало, Жарко Батиќ и Лејла Рамковска, препознатливи експерти во јога, кросфит и фитнес. Се очекуваат и попусти на спортска опрема, совети за фит изглед и здрав живот и многу изненадувања.

На 26.02.2022 (сабота), од 12:30-13:30 часот, со нетрпение се очекува најзабавниот концерт на планетата во Ист Гејт Мол и тоа со најпопуларните, ДАЈТЕ МУЗИКА.

Во февруари, во организација на Литература, се очекува и промоција на фронтменот на Архангел, Ристо Вртев.

Како шопинг престолнина, со безбедни протоколи за целосно пријатен шопинг, забавни содржини, како и широка палета на гастрономско портфолио, во Ист Гејт Мол веќе неколку месеци по своето отворање можат да се пронајдат 250 продавници со 250 различни шопинг приказни.

Во шопинг приказната составена од 5 нивоа, со неограничен избор на модерни парчиња, облека, обувки, опрема, декоративни предмети, техника, мебел и друго, постојано има богат избор на специјални понуди и попусти, а голем број на реномирани брендови во Ист Гејт Мол, се достапни единствено во овој шопинг центар на нашиот пазар.

Декорирање на спалната или пак можеби дневната соба, или збогатувањето на вашиот личен моден стил, подарување без причина, звучи како нова цел, којашто изгледа како совршен релаксирачки проект оваа сезона, и тоа во топла и пријатна атмосфера во најголемата шопинг дестинација.

За вашата нова цел, поубав дом, поздрав живот, подобар лајфстајл во месецот посветен на грижа за себе, Ист Гејт Мол е со понуда со брендови за прекрасен мебел, декорации, постелнина за различни намени во неутрални зимски нијанси од Zara Home, ЈYSK, Comodita, Madame Coco, Özdilek, или пак нов и подобар лајфстајл, со нова опрема за вежбање од Intersport, Sport M, Underamour, Nike, Adidas,  зголемување на личната мејк-ап колекција од FabuSpot, – единственото продажно место на MAC козметика во државата, како и Cosmo, Kiko Milano, L’Occitane или органска козметика од Yeppeuda, Bellina Cosmetics, Natura Therapy, или новата колекција на Zara, Oysho, Mango, Reserved, Mohito, Cropp, House, Sinsay, XYZ, Armani Exchange, Calvin Klein, Valentino, Patrizia Pepe, Twinset,  Prenatal, и уште многу други, се можеби едни од најдобрите одлуки што можете да ги направите оваа зима.

Ист Гејт Мол е отворен за посетители секој ден од 10 до 22 часот. Секоја недела продавниците работат до 20 часот, а рестораните и баровите во недела се отворени до 24 часот.

East Gate Mall Loves You.

Ти си центар.

ПР текст