7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фронтлајн: Трајко Славески со навреди за објавена сатира: Еве го Славески, угурсузи едни манипулатори

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, кој е и актуелен претседавач на советот на Град Скопје, на мејлот на Фронтлајн испрати непримерна реакција за објавен сатиричен текст на Фронтлајн.мк во рубриката за сатира АХА.

Еве го Славески, ве поздравува, угурсузи едни, манипулатори!!!, напиша Славески во мејл до редакцијата на Фронтлајн, испратен од неговата официјална email адреса.

Оваа навредлива реакција од професорот на УКИМ и член на највисоките тела на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, очигледно (според „угурсуз“) се однесува на сатиричниот текст објавен на Фронтлајн.мк со наслов: Мицкоски: Во која дупка е пикнат Славески? А, контра-синдикат да им направиме?!

Снимка од екран на сатиричниот текст одбајвен на Фронтлајн
Текстот е поткрепен и со фотомонтажа и е потпишан од РИБАРО, а во дисклјемер под текстот со задебелени букви е потенцирано дека се работи за сатира, а истиот е и во рубриката за сатира „АХА!“.

Која е целта на политичарот и функционерот Славески платен од народот, да се заканува на автор на сатира и порталот каде е објавена, за сатиричен текст, не е јасна, но јасно е дека ја промашил, заклучува Фронтлајн.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК