Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Работиме со Бугарија за да ја смириме тензичната атмосфера од минатото

„Работните групи меѓу Северна Македонија и Бугарија се мерки за градење на доверба и промена на атмосферата. Имавме силна наелектрилизираност изминатите години, особено во Бугарија, каде што имаа избори“ кажа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека сета таа атмосфера на остри изјави и постојана предизборна реторика мораше да се смири со повеќе теми, кои ќе ни покажат дека нашите односи не се сведуваат само на историските теми.

„Не бегаме од отворените прашања. Ги знаеме темите и разговараме на нив. Исто така ги знаеме и позициите. Нашите позиции се водени од декларацијата изгласана во Собранието и врз основа на таа декларација влегуваме во разговорите со Бугарија за сите отворени прашања“ кажа Маричиќ.

Вицепремиерот рече дека јавноста се информира за сите постиганти договори од разговорите со Бугарија, како што тоа беше за дипломатската нота испратена до Обединетите нации.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК