Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Не може вечно да дискутираме, но нема да избрзуваме со Бугарија

„Сакаме брзо, но не и избрзано решение. Досегашното комуницирање на датуми и рокови не ни донесе среќа и успех. Тоа сепак не значи дека може вечно да дискутираме“ кажа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека брзата и интензивна динамика не тера да ги отвориме сите прашања и во краток рок да се дојде до договор.

„Ако оперираме со датуми, само ќе бориме денови, наместо да работиме. Подобро е да работиме и кога ќе има успех или неуспех да кажеме дека сме го решиле или не сме го решиле проблемот“ кажа Маричиќ.

Тој уште еднаш увери дека целата Влада е фокусирана на решавањето на овие прашања со Бугарија и почеток на преговорите со Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

ВЕЧЕРВА ПАДНА ГОЛЕМО АПСЕЊЕ: Познат директор фатен со 50.000 евра мито

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Подгответе се за летно сметање на времето

ДЕСК

Синоптичарите објавија 4 дневна прогноза – Каков продолжен викенд да очекуваме?

ДЕСК