Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Полициска рација во гевгелиско:Запечатени ресторани и дискотеки

На 05.02.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, инспектори од СВР Скопје во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во 14 угостителски објекти во Гевгелија и с. Мрзенци. При контролата, два угостителски објекти се запечатени од страна на Државен пазарен инспекторат поради затекнати лица без сертификати односно непочитување на ковид протоколите. Исто, така од страна на УЈП се изречени глоби за неиздавање на фискални сметки, како и санкции за други неправилности на 10 угостителски објекти. Акциските контроли на МВР, УЈП и ДПИ продолжуваат и во наредниот период.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК