Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за акцијата во Грчец

Затворен угостителски објект во Грчец, пронајден нож, затекнати малолетници и низа незаконски активности

На 05.02.2022 околу 00 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции-Единица за брзо распоредување во координација со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во с. Грчец, скопско. Констатирани се низа неправилности во работењето: угостителскиот објект нема регистрирано правно лице-фирма, немало регистриран фискален апарат, не биле почитувани мерките за справување со Ковид 19, поради што од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е запечатен и изречени се соодветни глоби.

Извршен е преглед на 40 лица и констатирано е присуство на тројца малолетници, за што ќе следуваат соодветни пријави. Исто така, приведено е едно лице кај кое е пронајден нож. За сите незаконитости ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК