Centar.mk
БИЗНИС

Викенд на забава и шопинг: Големи финални попусти и ЛЕГО работилници во Ист Гејт Мол

Вториот месец во годината штотуку започна, но последната шанса за смарт, зимски и економичен шопинг веќе е при крај. Овој викенд најголемиот шопинг центар во регионот за сите домашни и интернационални посетители најавува викенд на забава и големи намалувања.

Ист Гејт Мол деновиве е исполнет со голем број љубители на купувањето подароци за најблиските, декорирањето на домот, освежувањето на зимскиот моден и спортски стил. Многу познати брендови, од кои 40 ги има само во овој шопинг центар, нудат бројни примамливи понуди за сите вкусови, а големите Финални попусти ќе траат само до 07.02.2022 (понеделник) и тоа во најголемата шопинг престолнина во регионот, – Ист Гејт Мол.

Поради големиот интерес и одзив за ЛЕГО работилниците, коишто беа реализирани и беа вистински хит кај дечињата, како едни од најомилените посетители во Ист Гејт Мол, овој викенд, на 05.02.2022 (сабота) и на 06.02.2022 (недела), од 13:00 до 16:00 ч. и двата дена, ќе се реализираат повторно ЛЕГО работилници со коцки.

Сите дечиња, кои ќе бидат дел од истите ќе имаат можност да ја развијат својата имагинација и фантазија, а секако ќе ги очекуваат и интересни изненадувања и подароци. Влезот е бесплатен, а локацијата за ЛЕГО работилниците и за двата дена е иста како и претходно, на I кат пред продавницата Крш во Ист Гејт Мол.

Ист Гејт Мол е отворен за посетители секој ден од 10 до 22 часот. Секоја недела продавниците работат до 20 часот, а рестораните и баровите во недела се отворени до 22 часот.

Можеби ќе ве интересира

Важна информација од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје

ДЕСК

АЛКАЛОИД со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра, извоз од 221,6 милион евра и со инвестиции од 18 милиони евра во периодот јануари – декември 2025 г.

ДЕСК

„Епл“ дел од производството го сели од Кина во САД

C +