12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Синдикатите не биле во право, газдите биле – Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ повторно против покачување на минималната плата

Додека ССМ но и граѓаните во анкетите на ТВ Алфа бараат итно зголемување на минималната плата и ги осудуваат сите оние кои се против, поранешниот министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески отворено застана на страната на работодавците и против работниците и зголемувањето на минималната плата.

За него „ова што го бара Синдикатот се коси со целокупната практика во Европа и во светот.
Минималната плата не може да се однесува на преку 20 проценти од вработените како прво, и не може да биде 60 проценти од просечната, кога Европската унија која изрично наложува максимум да биде 50 проценти“.

Според Славески ако тоа биде усвоено тогаш фирмите ќе биле принудени да затворат.

Ако тоа е и ставот на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ тогаш за прв пат оваа партија која се претставува за заштитинк на правата на граѓаните и дека работи во нивен интерес, покажува дека нема слух за работниците меѓу кои секако има и голем број нивни подржувачи.

Со ваквата позиција на ВМРО-ДПМНЕ се минираат обидите Владата и на партнерите во Економскиот Совет за изнаоѓање комромисно решение кое би било во интерес на сите страни.

Спонзорирано: