Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична против поранешен директор на училиште, кој дозволил наставничка да работи без диплома

Поранешен директор во основното училиште „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце во 2018 година не го прекинал работниот однос на вработена, за која ОЈО Куманово донело решение за одземање на дипломата. Според информациите, директорот ѝ дозволил на вработената да работи без потребната диплома.

„ СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Ш.(63) од с.Романовце, Кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Пријавениот, вработен како директор во основното училиште ‘Кирил и Методиј’ во с.Романовце, во текот на 2018 година не го прекинал работниот однос на вработената С.Џ.Е., согласно закон, колективен договор и претходно донесено решение од ОЈО Куманово за одземање диплома, констатирано со записник од страна на Државен просветен инспекторат на Република Северна Македонија и допуштил таа да врши воспитно-образовна дејност во училиштето без потребната диплома. На ваков начин предизвикана е штета на буџетот на Република Северна Македонија од 695.621 денари, кои биле исплатени на вработената по основ на плати и придонеси за социјално и здравствено осигурување“, соопшти обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Ако утре сабајле слушнете детонации во кругот на касарната “Еребино” не се вознемирувајте – ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК

Законот за Советот на Законот за јавните обвинители го помина првото читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија во Собранието

ДЕСК