Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски на “фејсбук”: Интензивирање на економската соработка со Бугарија е правилниот пат за решавање и на другите прашања

Планот за зајакнување на економската соработка меѓу Република Бугарија и Северна Македонија кој го претставивме со премиерот Петков, започнува да се реализира, соопшти вечерва премиерот Димитар Ковачевски на фејсбук.

– Денес во Скопје се одржа првата средба на владините делагации со присуство на стопанските комори од двете земји каде веќе се договорени конкретни заеднички активности.

Донесен е заклучок за соработка меѓу Фондот за иновации и технолошки развој и Фондот на фондови од Република Бугарија за развој на проекти и поддршка на компании во двете земји.

Силно верувам дека овој пристап на наоѓање заеднички интереси, проекти и решенија кои директно влијаат на подобрување на животот на граѓаните е правилниот пат за зближување на двете држави и решавање на сите отворени прашања, порача Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК