17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Додека Мицкоски се забавува со жива музика, неговата партија бара оналјн настава поради здравствената криза

Во период кога опозициската партија бара второто полугодие за учениците да започне со онлајн настава, со цел заштита од КОВИД, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и дел од раководоството на партијата се забавуваат во црква, без одржување дистанца и почитување на мерките и протоколите.

На фотографиите и видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи се гледак како Мицкоски присуствува на забава во црква, со жива музика, каде што никој не носи маска и не се грижи за заштита од коронавирусот.

Ова не е прв пат лидерот на опозицијата да биде сниман и фотографиран како ги прекршува ковид мерките и протоколите, но сепак и покрај тоа во неговите јавни настапи тој повторува дека е загрижен за здравствената состојба во државата.

Сепак, очигледно грижата за здравствената состојба е само за спротивставување на владата и за појавување во медиуми, а не и кога тоа треба лично, со сопствен пример да се покаже.

Спонзорирано: