Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе 4 кривични пријави против А.Ш.(39), Ѓ.Ш.(36), Е.Ш.(37), С.Ш.(30), И.Ј.(44), М.Р.(21), С.Р.(32), Ф.Р.(37) и С.Р.(32), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за нелегално тргување со отпад, односно за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 став 3, а во врска со член 22 од Кривичниот закон.

Осомничените А.Ш., Е.Ш., И.Ј., С.Р. и Ф.Р. во текот на 2019, 2020 и 2021 година откупувале, собирале и складирале секундарни суровини (отпад) и хаварисани возила на повеќе локации во Струмица, кои подоцна ги носеле и ги продавале на лиценцирани правни лица за откуп на секундарни суровини.

Парите од изршената продажба правните лице ги уплаќале на сметки на осомничените Ѓ.Ш., С.Ш., М.Р. и С.Р., со што осомничените нелегално тргувале со отпад.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Уставниот суд, Костадиновски оствари средба со претседателот на Уставниот суд на Шпанија во Мадрид

ДЕСК

Истрага за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје

ДЕСК

Министерот Минчев: Со новиот закон и Академијата поставуваме темели за модерна, стручна и европска јавна администрација

ДЕСК