Изјава за медиуми, Петар Петковски од СДММ
Почитувани добар ден,
На 82-от ден од мандатот на градоначлничката Данела Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ ова е нејзиниот отчет:
Тоалет.
Ова е единствениот нејзин проект.
А да се извинувам, и една нивелација на шахта.
Толку.
После 82 дена едно е јасно: Данела Арсовска е најнеуспешниот градоначалник којшто го имал Скопје.
Нема реализирано речиси ништо од она што го вети пред граѓаните.
Нема бесплатен јавен превоз, нема пет нови мега паркови, не се чисти, депониите си стојат, нема помош за Скопјани сред енергетската криза, нема проекти.
Не успеа ниту да ги врати бројчаниците на семафорите, ветување што го даваше пред граѓаните.
Има само партизација и полнење на градските претпријатија со кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа денеска и оставаме поклон една шахта и тоалет, за нејзините менаџерски НЕ-способности.