Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полиција на сите страни во Скопје 173 казни за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.01.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 173 возачи, од кои 104 на територија на Скопје, 26 на територија на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Велес… При акциската контрола санкционирани се и 134 друг вид на сообраќајни прекршоци.

Министерството за вантрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правоила ќе биде санкционирано.

Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Можеби ќе ве интересира

ДОПОЛНИТЕЛНИ 26.000 ВАКЦИНИ ПРИСТИГНАА ВО МАКЕДОНИЈА – Министерството со известување

ДЕСК

МИЦКОСКИ ЈА ПРЕДИЗВИКА ОПОЗИЦИЈАТА – „Нека побараат распуштање на Собранието, ќе поддржиме предвремени избори“

ДЕСК

Анализа: НА МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА Ѝ ТРГНЕ МНОГУ ПОДОБРО – Ако се смират светските кризи, економијата има простор за посилен раст

ДЕСК