Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски се сретна со претседателот на ДПС Карадај: Го засилуваме интензитетот на дијалогот меѓу двете земји за деблокирање на евроинтеграцијата на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на маргините на својата официјална посета на Република Бугарија се сретна со претседателот на Движењето за права и слободи и пратеник во Собранието на Република Бугарија Мустафа Карадај.

На средбата со Карадај, на која присуствуваа и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска, заменик-претседател на Владата задолжена за политики за добро владеење, Бујар Османи, министер за надворешни работи, и Горан Милевски, министер за локална самоуправа премиерот Ковачевски го пренесе неговото и задоволството на членовите на Владата на Северна Македонија од возвратната официјална посета на Софија само за седум дена откако во Скопје, за време на официјалната посета на премиерот Петков беше договорено дека за една недела ќе се одржи заедничка седница на двете влади.

Премиерот Ковачевски и претседателот на Движењето за права и слободи и пратеник во Собранието на Република Бугарија Мустафа Карадај изразија заедничка надеж дека започнатиот интензивен дијалог меѓу двете земји на највисоко ниво бргу ќе ги даде очекуваните резултати од кои се очекува разрешување на отворените прашања меѓу двете земји и деблокирање на процесот за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК