Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јајоска: Партизација, прекинати проекти и партиски вработувања е учинокот на Данела Арсовска во првите месеци од мандатот

Партизација на Град Скопје и прекинати проекти е учинокот на градоначалничката, Данела Арсовска, во првите месеци од мандатот, изјави на прес-конференција на СДСМ, Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

Таа истакна дека конструкциите што секојдневно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ не можат да го сокријат неработењето на градоначалничката од нивните редови, Данела Арсовска.

„Се ближат првите 82 дена од мандатот на Арсовска, а таа не сработе ништо во интерес на градот и на скопјани. Во овие два и пол месеци од мандатот, Арсовска ќе остане запаметена по 109 партиски вработувања во Град Скопје, по партизација на Јавните претпијатија и установи во надлежност на Градот и по прекинатиот проект Бас рапид транзит. Колку Арсовска знае да менаџира покажува и фактот што Градот додели пет милиони денари или над 80.000 евра на ЈП Градски Паркинг, во време кога на предлог на Арсовска се намалува цената за паркирање. И Арсовска и останатите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираа проблемите со парното греење и ги оставија скопјани на цедило“, рече Јајоска.

Како што додаде, ваквиот однос на Арсовска покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена. Според СДСМ, опозициската партија и нејзините градоначалници не работат за интересите на граѓаните и општините, туку единствено за партиски и личните интереси.

Можеби ќе ве интересира

Во Детска клиника донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот

ДЕСК

Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гаснење на шумските пожари во Македонија

C +

Мицкоски на ЕСС: Платите се зголемија за 11%

ДЕСК