Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАИЗБОР

-16 е најниската температура измерена утрово – проверете каде

Минимални температури под нулата утринава се измерени насекаде низ државата. Најстудено е во Маврово каде се измерени -16 степени, а во Гевгелија се измерени -2 степена.

Во Битола и Берово утринава минималната температура е -14 степени, во Крушево -13, во Крива Паланка -12, во Тетово и Дебар -11, во Прилеп, Охрид и Претор -10, Штип -9, Струмица и Демир Капија -8, Скопје -7, Куманово -6 и во Дојран -3 степени.

За денеска се најавува сончево време со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во планинските подрачја и во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.

Можеби ќе ве интересира

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК

Претреси низ Македонија – лишени од слобода две лица

ДЕСК