Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бочварски: Коридорот 8 го правиме за нашите граѓани полесно да патуваат до Бугарија и Албанија и обратно

„Јас можам да кажам дека Коридорот 8 не го правиме само заради Бугарија или Албанија. Го правиме за нас, за нашите граѓани да отвориме можност да имаме уште еден излез кон исток, кој што е многу значаен заради товарниот транспорт пред се“ кажа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека доколку ние како држава не се заложиме и не почнеме да го градиме овој коридор, ЕУ ќе може да го помести коридорот.

„Не смееме да дозволиме ЕУ да ги помести овие коридори и да останеме без важните патишта“ потенцираше Бочварски.

Министерот Бочварски додаде дека иако овие коридори се прават пред се заради товарниот транспорт, добар дел од сообраќајот по нив ќе отпадне и на патничниот транспорт.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК