Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студ и снег низ Македонија: Од четврток значителна промена на времето

До четврток попладне времето ќе се задржи стабилно и суво, со пониски утрински температури. Влажен и студен бран со врнежи од снег ќе се прошири од запад во четврток во вечерните часови и во текот на ноќта.

Заради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Во петок преку денот врнежите ќе завршуваат. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот дел на Повардарието.

Прогноза за 20.01.2022
Минимална температура: -10°C до -2°C
Максимална температура: 4°C до 10°C

Сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот во западните делови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта кон петок во западните и северните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде повремено ќе засилува.

Прогноза за 21.01.2022
Минимална температура: -5°C до 0°C
Максимална температура: -2°C до 4°C

Облачно со повремени врнежи од снег, особено наутро и претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови од земјава, освен во централниот и долниот дел на Повардарието. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 22.01.2022
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: -5°C до 2°C

Сончево со умерена облачност, студено и ветровито. На места ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода поранешниот претседател на ФФМ, поднесена кривична пријава за проневера

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК