Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: СЕП повторно ќе ги координира реформите во сите министерства

„Секретаријатот за европски прашања ќе се фокусира на забрзување на текот на реформите и подобрување на улогата на СЕП во координирање на реформите, преку повторно враќање или воспоставување на работни групи кои ќе ги следат реформите“ кажа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека со оваа активност ќе се започне веднаш и на некоја од следните седници на Владата ќе предложи активирање на структурата за следење и координација на реформите, но и за подготовка за преговорите.

„СЕП ќе има три крупни точки на кои ќе се фокусира: координирање на реформите, подготовка на преговарачките структури и подобрување на искористувањето на ИПА фондовите и координација на целокупната странска помош“ кажа Маричиќ.

Тој кажа дека верува оти со остварувањето на овие приоритети државата ќе може со побрзо темпо да се движи кон и во преговорите со Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК