Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ковачевски: Решение со Бугарија преку дијалог и соработка

„Ја остваривме повеќедецениската стратешка цел, членство во НАТО и обезбедивме мир стабилност и сигурна иднина за нашите деца. Но на патот кон ЕУ пред нас се предизвиците за кои двете влади, на Северна Македонија и на Бугарија, се одлучни да изнајдат решенија низ дијалог и соработка“ кажа мандатарот на новата влада, Димитар Ковачевски во неговото експозе пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.

Како што истакна Ковачевски, разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат, бидејќи ние сме пријателска земја која развива добрососедство и бидејќи имаме исклучителен стратешки интерес да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ.

Тој додаде дека историјата треба да се остари на историчарите, но дека идентитетсктие прашања се темели на народот и на државата.

„За Владата не постои никаква дилема – никој не смее и никој нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ и за историски и научно потврдената специфичност и уникатност на македонскиот јазик“ потенцираше Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека македонските и бугарските граѓани се повеќе заинтересирани за економија, за културни, образовни и младински размени, за инфраструктурата која не поврзува и дека македонската и бугарската влада мора многу повеќе да соработуваат на овие теми.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК

Мицкоски: Владата останува да фокусира на вистинска потреба на граѓаните и државата, изјавите на СДСМ за мигрантите се дифузни

ДЕСК