Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Поврзувањето исток-запад со Албанија и Бугарија е стратегиска обврска и фокус на Владата до 2024 година

„Врвен приоритет е изградбата на Коридорот 8, кој неоправдано доцни со децении. Поврзувањето исток-запад, со Албанија и Бугарија претставува стратегиска обврска и фокус на Владата до 2024 година“ кажа мандатарот на новата влада, Димитар Ковачевски во неговото експозе пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.

Тој додаде дека ќе се продолжи со изградбата на автопатот Кичево – Охрид, како и Скопје – Блаце, а најави и отпочнување на нови автопатски делници.

„Во план е отпочнување на целосна надградба на автопатот Тетово – Гостивар, како и уште четири автопатски делници. Планирана е тековна реконструкција и изградба на локални патишта во должина од преку 1000 километри во 36 општини“ кажа Ковачевски.

Во експозето пред пратениците, мандатарот Ковачевски потенцираше дека следните 2 и пол години се период во кој државата ќе се посвети на економијата, на платите и пензиите, на поддршка на компаниите, на енергетскиот развој и на зголемување на вработеност, со цел да се задржат младите да останат во државата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Додека прават дефокус носат 10.000 „економски работници“

ДЕСК

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, нема решенија за граѓаните – само дефокус

ДЕСК

Најмногу снег на Попова Шапка, утре со врнежи од дожд и снег претпладне , попладне облачноста ќе се намалува

ДЕСК