22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Архива
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Расчистен инцидентот во општина Јегуновце

Секторот за внатрешни работи Тетово изготви и до Основниот суд Тетово поднесе барање за поведување прекршочна постапка за 44-годишниот Д.К. од тетовско Туденце, актуелен градоначалник на oпштина Јегуновце.

Според пријавеното, тој на 5 јануари годинава околу 11 часот и 30 минути, во Архивата на општинскиот објект, најпрво вербално се расправал со М.М.(69) од Скопје, управител на приватна фирма, му ги зел, му ги стуткал и фрлил документите на една од масите и го истуркал од просторијата. М.М. претходно бил повикан од службено лице на општината да достави фактури за претходно извршени услуги за општината, односно поради нерасчистени должничко-доверителни односи.

Секторот за внатрешни работи Тетово изготви и до Основниот суд Тетово поднесе, исто така, барање за поведување прекршочна постапка и за М.М.(69) од Скопје кој, според пријавеното, го навредувал и му се заканувал на Д.К(44), откако тој му ги стуткал и фрлил документите и го истуркал од општинската Архива.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК