Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Голем студ, па пресврт – детална прогноза за времето, ново предупредување од УХМР

Времето ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 степени.

Во Скопје, сончево и студено со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 степен.

Стабилно и суво со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде утре и во сабота кога на места ќе се спуштаат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Во недела и понеделник ќе има појава на утринска магла по одделни котлини.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК