Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски: Премиерот Заев е најзаслужен за исполнување на стратешките цели и за влезот на Република Северна Македонија во НАТО

Заеднички и обединето да го исчекориме овој пат за започнување преговори и на ова успешна приказна која што доаѓа за нашата земја, а тоа се преговорите за влез во Европската Унија и креирање на подобар живот за сите генерации, изјави денеска вицепремиерот Љупчо Николовски одговорајќи на новинарско прашање при посетата во Битола. Николовски посочи дека премиерот Зоран Заев е најзаслужен за исполнување на стратешките цели кои се од национален интерес за државата.
При тоа истакна дека за забрзување на целиот процес за почеток на преговорите со ЕУ е потребен максимален заеднички напор и влог.

„Верувам дека во тој процес на преговори ќе ги впрегнеме сите сили, дека ќе нема партии, дека ќе нема групи, туку дека сите заедно, со сите стручни и професионални кадри, луѓе кои што имаат капацитет, вредности и компетенции, да ги вградиме во таа трансформација на општеството и што побрзо да ги завршиме преговорите. Јас сум еден од тие кои што јасно, јавно и прецизно одговара, разговара и дискутира за секое едно прашање и внатре во партија од каде што потекнувам но и надвор со граѓаните поради тоа што кога сте влезени чесно, одговорно и за плата да работите во интерес на граѓаните, нема што да се крие“, изјави Николовски.

При тоа Николовски посочи дека премиерот Заев, е најзаслужен за влезот на Република Северна Македонија во НАТО, како 30-та рамноправна членка во најмоќниот безбедносен сојуз, со што е остварен еден од стратешките приоритети кој што беше ветување на многу генерации на политичари наназад, но кои немаа храброст тоа да го направат.

Можеби ќе ве интересира

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК

Драма во Карпош рано утрово: Скопјанец претепан од неколку лица, полицијата истражува кои се тие

ДЕСК