Претседателот на Албанија, Илир Мета вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме и за премиерот во заминување, Зоран Заев.
Мета вели дека има позитивни оценки за Заев.
„Тука би сакал да ги споделам моите позитивни оценки за господинот Заев. За неговите огромни напори за склучување на договорот од Преспа. Не беше мал напор, затоа што порано се немаше случено еден позитивен развој и да не заборавиме така брзо, договор кој и овозможи на Македонија да стане членка на НАТО. Да не заборавиме дека овој процес го започнавме заедно со Хрватска и Македонија преку „јадранската карта“ преку САД. Јас бев тогаш министер за надворешни работи, а од страна на Македонија беше Госпоѓа Митрева“, порача Мета.
Тој вели дека во овој процес Македонија многу заостанала, а потоа овој проблем се надминал, односно се решил.
„Зашто јас повторно ќе го вреднувам господинот Заев, ќе се запрашате со право. Затоа што јас ќе ви го споменам моментот кога требаше да ги анулирам домашните избори во Тирана за да спречам еден конфликт кој беше ненадминлив, за да не се „закачат“ двете страни. И другата причина беше што Бундестагот беше категоричен дека по локалните избори Албанија нема шанси да добие датум за преговори во Октомври таа година. Тие не сакаат тогаш Албанија да се одвои од Македонија, а Македонија тогаш одкако го потшиша догговорот требаше да започне со преговорите, ние бевме растревожени од ова и се обидувавме да го избегнеме тоа решение. Ние знаеме дека политичарите водејќи се од партиски интереси го избраа погрешниот пат, жртвуваа еден процес важен не само за граѓаните туки и за почнување на преговорите со ЕУ, беше еден многу позитивен момент во ЕУ токму поради Македонија, поради потпишувањето на Преспанскиот договор и тие сакаа да и се оддолжат на Македонија“, вели Мета.
Според него, тогаш виделе дека Македонија на еден начин се жртвувала за Албанија.
„И тогаш господинот Заев отиде на предвремени избори, еден политички инструмент за надминување на политичката ситуација, затоа што едно од неговите ветувања по потпишувањето на Преспанскиот договор беше и почеток на преговорите, нешто што беше ветено од страна на ЕУ. Не сакам да навлезам во другите заслуги но мислам дека неговото однесување беше демократско, еден пример кој треба да се следи во нашиот регион. Тој беше еден политичар кој и служеше на демократијата во својата земја и на мирот во нашиот регион. Тоа е мојата оценка а што се однесува до начинот на владеење тоа е ваше да оцените“, додава Мета.