Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

39-годишен скопјанец почина, во сообраќајна несреќа меѓу автобус на ЈСП и патничко возило

Едно лице загинало а петмина се повредени во сообраќајната несреќа меѓу автобус на ЈСП Скопје и патничко возило, соопшти полицијата.

Имено, синоќа во 17.35 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Методија Андонов Ченто“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП, управуван од С.С.(60) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(39) од Скопје.

На местото на несреќата починал С.О., а возачот на автобусот и уште пет патници се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК