Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска наместо бесплатен јавен превоз, го поскапуваат превозот во ЈСП

Соопштение на СДСМ:

Партиските кадри на Данела Арсовска за само две недели ја закочија и уназадија работата на Јавното сообраќајно претпријатие.

Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо бесплатен јавен превоз го поскапуваат автобускиот превоз преку воведување на билет од 120 денари.

Неспособно да се справи со предизвиците, раководството на ЈСП уште во првите недели по поставувањето бара помош од Владата.

ЈСП е под надлежност на Град Скопје и за помош прво треба да се обрати кај градоначалничката Арсовска.

Владата му помогна на ЈСП со тоа што му даде гаранција за заемот од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за спроведување на Бас рапид транзит системот.

Заради лични хирови, Арсовска го прекина овој проект кој треба сериозно да го унапреди квалитетот на јавниот превоз во Скопје.

Наместо да го продолжи проектот за кој се издвоени средства, Арсовска ги лаже скопјани дека ќе воведе бесплатен превоз дури за две години отсега.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не знаат да управуваат со ЈСП, а не пак да донесат 250 нови автобуси и да воведат бесплатен јавен превоз.

Со стопирање проекти, кратење пари за животната средина, поништување огласи и груба партизација, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека не се грижат за граѓаните, туку само за своите лични и партиски интереси.

Можеби ќе ве интересира

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

ДЕСК