Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ФОТО: Испукани ѕидови – пратеникот Милевски објави фотографии од штетите од земјотресот

Голем број битолчани вечерва излегоа на улиците каде се чувствува голема вознемиреност по серијата земјотреси кои се случија во близина на градот Лерин во Грција.

Земјотресот бил со 5,3 степени според Рихтерoвата скала.

Според Геодинамичкиот инсититут на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил шест километри северозападно од градот Лерин.

За нешто помалку од 40 минути по силниот земјотрес, во поширокиот регион на Лерин беа регистрирани уште седум помали земјотреси, од кои еден од 4,2 степени, еден од 3,9 и два од 3,5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Пратеникот Горан Милевски од ЛДП на својата Фејсбук страница сподели фотографии на коишто се гледа материјална штета од земјотресите, односно распукани ѕидови на дел од објектите во Битола.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК