Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Бислимовски: БЕГ може да ја загуби лиценцата доколку го прекрши Законот за енергетика

„Ние како Регулаторна комисија за енергетика не може да набавиме гас, но ќе преземеме мерки доколку не се постапува според обврските. Ние ќе постапиме со нашите надлежностите и ќе се надмине кризата“ кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека компаниите треба да си ги преземат обврските, бидејќи може да ја загубат лиценцата доколку го прершат Законот за енергетика и правилникот за лиценци.

„Согласно законот потребно е да се испорачаат 20 плус еден степен целзиусов температура и факт е дека во одредени делови од градот температурата беше под тоа. Таму каде што не се исполнети критериумите, потрошувачите нема да платат ни еден киловат час неиспорачана енергија“ кажа Бислимовски.

Тој додаде дека граѓаните ќе платат само она што го потрошиле и додаде дека РКЕ побарале БЕГ да изелзат на терен и да проверат и поправат дефекти во деловите од градот каде што не било испорачано парно со потребната температура.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК

Мицкоски: Владата останува да фокусира на вистинска потреба на граѓаните и државата, изјавите на СДСМ за мигрантите се дифузни

ДЕСК