Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вечерва трагедија: Еден загинат и неколкумина повредени патници во судир на автобус со автомобил во Ченто

Според првичните информации од МВР, едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во скопско Ченто.

Денеска околу 17.35 часот пријавено е дека на ул.„М.А.Ченто“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус на ЈСП линија бр.65, управуван од С. С.(1961) од Скопје и ПМВ „Голф“ со скопски таблички, управувано од С.О.(1982) од Скопје.

Од страна на ИМП констатирана е смрт кај С.О. Возачот на автобусот и еден сопатник од автобусот пренесени се во УЦ „Мајка Тереза“, а тројца сопатници од автобусот пренесени се во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +