Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бектеши кон Арсовска: Енергетската криза трае три месеци, а вам денеска ви текна

Министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма кажа дека тие како министерство во повеќе пати јавно ја повикале градоначалничката на Град Скопје и претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска на средба во министерството со цел да се разговара за енергетската криза, по што таа одговори дека денес доставиле барање за средба.

На тоа министерот Бектеши одговори дека енергетската криза трае од ноември, а дека барањето за средба тие го доставиле по цели три месеци.

„Уште утре можеме со вас како ЗЕЛС да седнеме и да разговараме“ потенцираше Бектеши.

Министерот за економија истакна дека единиците на локалната самоуправа треба да бидат одговорни, да се грижат за грааѓните и да направат напори за ублажување на притисокот врз граѓаните од глоабната криза.

„Владата кога ќе забележи дека се прават напори од општините ќе им излезе во пресрет, согласно можностите и дополнително ќе им помогнеме“ кажа Бектеши.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК