Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Арсовска не ги знае ингерециите на Град Скопје во делот на греењето, си го знае ли буџетот?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во емисијата „Топ тема“ на Телма кажа дека Градот немал ингеренции за обезбедување со топлинска енергија, што е сосема погрешно, бидејќи Законот за енергетика сите интегернции ги става токму на единиците на локалната самоуправа.

Согласно Член 151 од Законот за енергетика – заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве енергетски дејности: 1) производство на топлинска енергија; 2) дистрибуција на топлинска енергија и 3) снабдување со топлинска енергија.

Очигледно градоначалничката не ги знае ингеренциите на институцијата со која менаџира, иако за време на кампањата се обидуваше да се претстави како успешна менаџерка која знае како со Град Скопје.

Во дебатата, министерот за економија Крешник Бектеши ја повика градоначалничката и Градот Скопје да им помогнат на граѓаните со справување со притисокот од поскапувањето на парното греење, сугерирајќи дека за кризата се знаеше уште од пред кандидатурите за локалните избори.

Во Буџетот за 2022 година на Град Скопје, градоначалничката Арсовска и Советот не предвидоа ниту денар за енергетска ефикасност и справување со енергетската криза.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК