Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Трагедија: Прегазена жена – почина во болница

На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во близина на населбата Карпош, во сообраќајна несреќа вчера загина 64-годишна жена од кривопаланечкото село Луке.

Како што информираат од МВР, автомобил „фолксваген пасат“, со кумановска регистрација, управуван од Б.Ѓ. (33) од Куманово удрил во Р.П. (64).

По несреќата жената била пренесена во општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош каде околу 19.20 часот, била констатирана смрт.

На местото на несреќата извршен бил увид од јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Апсење во Охрид: Државјанин на САД заврши во притвор 30 дена

ДЕСК

Тешка сообраќајка во скопско меѓу ауди и тојота, меѓу тешкоповредените и шестгодишно дете

ДЕСК

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема покачување на цената на електричната енергија

ДЕСК