Во времето на ВМРО-ДПМНЕ цената на електричната енергија за домаќинствата имаше највисок раст од 100%, а добар дел од тој режимски период Христијан Мицкоски беше советник за енергетика на Никола Груевски а потоа и директор на ЕСМ, се вели во соопштението на СДСМ.
Тие додаваат дека тоа што од ВМРО-ДПМНЕ избегнуваат да го кажат е дека без да има глобална енергетска криза и без трошка срам пред народот, ја укинаа дневната евтина тарифа, а потоа како опозиција се противеа на нејзиното враќање. Во текот на нивното владеење инвестициите одеа во лажен барок, палми жални врби наместо во енергетски капацитети.
Во соопштението се додав дека Владата предводена од СДСМ и во услови на глобална енергетска криза презема низа мерки за справување со истата како и заштита на животниот стандард на граѓаните и стопанството.
Благодарение на брзата и навремена реакција на Владата активирани се сите расположливи капацитети за производство на струја од домашни извори со цел да се намали зависноста од увоз на скапа струја што директно влијае врз цената на електричната енергија.
Паралелно, Владата предводена од СДСМ обезбеди 60 милиони денари во Буџетот со кои ќе им се помогне на околу 7.500 семејства од ранливи категории преку субвенционирање на сметките за електрична енергија.
Владата и надлежните институции будно ја следат состојбата во енергетскиот сектор и подготвени се да се справат со сите предизвици во следниот период.
СДСМ продолжува со реализација на мерки за заштита на животниот стандард и унапредување на енергетскиот сектор, се вели во соопштението од СДСМ.