Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Арсовска нема ниту една мерка за борба против загаден воздух

Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, нема ниту мерка, ниту еден проект за почист воздух во Скопје.

Дополнително Арсовска ги намали парите за ново зеленило, за паркови и дрвореди. За 33 проценти помалку зелени садници предвидува Арсовска во Буџетот за 2022 година, се вели во соопштението од СДСМ.

Нема пари ниту за нови паркови, иако ги ветуваше, нема да има нови паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир.

Од СДСМ додаваат дека во услови кога скопјани дишат нечист воздух неодговорно е да се намалуваат парите за животна средина, да се намалуваат парите за зеленило, за паркови, за нови садници.

Арсовска покажува голема неспособност. Тоа не е менаџирење туку незнаење. Затоа треба да ги продолжи сите мерки и проекти кои што во изминатите 4 години дадоа резултати.

Вака Арсовска не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК

Мицкоски: Владата останува да фокусира на вистинска потреба на граѓаните и државата, изјавите на СДСМ за мигрантите се дифузни

ДЕСК