Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Метеоролозите најавуваат: Крај на топлите денови, стигнува пресврт

До четврток ќе се задржи стабилно време.

Утре на повисоките места ќе биде сончево и релативно топло, а по котлините и речните долини претпладне ќе биде магливо и постудено.

Во четврток во текот на денот ќе има појава на зголемена облачност, а од петок следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 06.01.2022
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, во западните делови со локален дожд, а на планините снег.

Прогноза за 07.01.2022
Минимална температура: 0°C до 4°C
Максимална температура: 4°C до 10°C
Променливо облачно и постудено со локален дожд, на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 08.01.2022
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 11°C
Променливо облачно и постудено со локален дожд, на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Убиства, дрога, насилства, колку жртви уште треба за Панче Тошковски да поднесе оставка?

ДЕСК

Истрага за жена која се обидела да внесе дрога во КПУ Идризово

ДЕСК

Кузеска: Да не го пропуштиме последниот воз за ЕУ – ајде заедно да ја споделиме одговорноста: малцинствата во Устав

ДЕСК