Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца гостиварци под истрага за пронајдена марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниови по Кривичниот законик.

Двајцата гостиварци на возраст од по 33 години на 31.12.2021 година, со автомобил се движеле на автопатот Тетово-Гостивар. На наплатната рампа, овластени полициски службеници го сопреле автомобилот и во него пронашле 22,94 грама марихуана, наменета за натамошна продажба. Дрогата ја одзеле, а лицата ги лишиле од слобода.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за еден од осомничените, бидејќи постои основ да се верува дека би можел да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка или да го повтори делото. Другиот осомничен се наоѓа на издржување затворска казна, а во моментот кога го сториле делото бил на викенд отсуство.​​

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +